Умерен земјотрес ја погоди северна Калифорнија

Геофизичкиот институт на САД соопшти дека земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер синоќа го погоди крајбежјето на северна Калифорнија.

Првично беше соопштено дека интензитетот на земјотресот бил со 5,1 степен.

Земјотресот бил на само 17,2 километри под морското дно, со епицентар на 65 километри југозападно од градот Јорика.

Националниот центар за предупредување од цунами соопшти дека потресот не предизвикал големи бранови.

Нема информации за евентуални настрадани или за предизвикана материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.