Умерен земјотрес ја потресе Грција

Умерен земјотрес беше регистриран во близина на градот Нафпактос, во западна Грција, пишува весникот „Нафтемборики“.

Епицентарот на земјотресот е локализиран  на три километри западно од градот и на 174 километри северозападно од Атина.

Според Европскиот сеизмолошки центар земјотресот бил со интензитет од 4,5 степени, а епицентарот се наоѓал на 18 километри северно од градот Патра.

Земјотресот бил почувствуван во Патра, Месолонги, Агринио и други делови на западна Грција.

Нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.