Умерен земјотрес регистриран на Кос

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран на грчкиот остров Кос, каде претходно беше регистриран силен земјотрес, јавуваат грчките медиуми.

Потоа следел уште еден земјотрес со интензитет од 4,3 степени, но тој не бил почувствуван на Кос.

Епицентарот на вториот земјотрес бил во морето во близина на турскиот брег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.