Умерено облачно со малку сонце, попладне дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. На планините над 1300 метри се очекуваат врнежи од снег.

Утринските температури од минус три до шест, додека дневните температури ќе бидат од седум до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.