Умерено облачно со малку сонце, попладне дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се можни врнежи од дожд во западните и северозападните делови од земјата.

Утринските температури се од минус еден до шест степени, додека дневните ќе се движат од осум до 17 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 13-от степен.