Умерено облачно време со малку сонце и температура до 13 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно време со сончеви периоди.

Во попладневните часови ќе има услови за локален дожд во западните и северозападните предели.

Утринските температури ќе се движат од минус четири до четири, а дневните од пет до 13 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 11 степени.