Умерено облачно со слаб ветер и температура до 16 степени

облачно

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност, утринската температура ќе биде нула, а дневната ќе се искачи на 16 степени.

Во следните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната  температура на воздухот. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

До крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.