недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 41

Уметници од Полска На програмата на „Охридско лето“

Публиката во рамки на третиот фестивалски ден на програмата на „Охридско лето“ ќе има можност да проследи интересен концерт, со гостување на уметници кои музицираат на инструменти што не се слушнати во Македонија, но и во регионот.

ohridsko-leto-1-1-640x294

Поврзани вести

Публиката во рамки на третиот фестивалски ден на програмата на „Охридско лето“ ќе има можност да проследи интересен концерт, со гостување на уметници кои музицираат на инструменти што не се слушнати во Македонија, но и во регионот.

Ексклузивните уметници Ана и Аркадиус Сафранек од „Глас дуото“ во рамки на Полската вечер на „Охридско лето“ за првпат ќе музицираат на чаши што произведуваат тонови на цели пет октави.

Се уште во сеќавањата на посетителите е концертот на виола-органистот Славомир Зубжицки на инструментот виола/оргули направен по скица на Леонардо да Винчи, стара повеќе од 500 години. Вечерва ќе имаме уникатна можност да слушнеме како на чаши ќе прозвучат делата на Е. Григ, К. Шимановски, Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, А. Дворжак, А. Пјацола, Г. М. Т. Самнер – Стинг и А. Сафраниек, вели музичкиот селектор Гордана Јосифова-Неделковска најавувајќи го концертот.

Учесник на вечерашниот концерт е и познатиот полски пијанист Мариан Собула кој ќе го изведе прекрасниот концерт за пијано од Ф. Шопен. Собула кого го вбројуваат меѓу најталентираните пијанисти на својата генерација, ќе настапи заедно со камерениот оркестар „Македонски виртуози“, под диригентска управа на врвниот полски и светски диригент Јацек Рогала.

Што се однесува до вечерашната програма, Рогала вели дека музички таа е многу лесна за посетителите, а тешка за изведувачите, истовремено изразувајќи задоволство што работи со гудачки оркестар со членови кои иако се млади, се полни со ентузијазам и затоа вложуваат повеќе работа и труд при подготовката на концертите.

Концертот е поддржан од Еуростандард банка, Полската амбасада во Македонија и Почесниот конзулат на Република Полска во Охрид.

Полската вечер на „Охридско лето“ ќе се одржи на сцената на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Најчитани вести