Уметноста на лажниот оргазам

Мислите дека само жените глумат оргазам?

Според резултатите на истражувањата спроведени на Универзитетот во Канзас, и мажите, исто како и жените, глумат оргазам, но што е најинтересно, дури една четвртина од испитаниците признале дека барем еднаш во животот исценирале огразам, помалку или повеќе успешно.

Но, причините за глумење на оргазам се изнаоѓаат во најразличните изговори, како стресот, исцпреноста, тремата и еректната дисфункција од алкохол.

Главните причини поради кои мажите се одлучиле на овој чекор е прилично логичен. Имено, тие не сакале да ја разочараат својата партнерка.

Често и потполно погрешно е мерката за квалитетен секс со двостран оргазам, па кога ќе почувствуваат дека нема да го достигнат врвот, едноставно се одлучуваат да одглумат оргазам.