Умре убиецот Чарлс Менсон

Чарлс Менсон, водач на култ од 1960-те години која беше осуден за повеќе убиства, меѓу кои и за убиството на актерката Шерон Тејт, умре на 83 години во калифорнискиот затовр, пренесуваат светските агенции.

Менсон и неговите следбеници изршиле најмалку девет убиства на четири локаии во јули и август 1969 година. Беше осуден на смрт, но оваа казна му беше променета во доживотен затвор откако во 1972 година американската сојузна држава Калифорнија ја укина смртната казна.

Повеќе од четири децении по бруталните убиства од култот на Менсон, тие се прераскажувани низ книги, филмови и мзија, а продолжуваат да ја прогонуваат свеста на Американците.

Во текот на четири децении минати во затвор, Менсон 12 пати поднесе барање за помилување. Во последното од 2012 година, кога се појавија и споменатите траги за можни и други убиства на неговите следбеници, одборот за условно ослободување изјави соопшти оти се чини дека Менсон не вложил никакви напори да се рехабилитира. Имено, кај него во затворот е откриено оружје и шверцувани мобилни телефони.

Во 2014 година Менсон доби дозвола да се ожени со 26-годишната жена која изјвила дека го сака, но дозволата истече и бракот не продолжил.

Инаку, полицијата во Лос Анџелес од 2012 година истражува можност на инволвираност на култот на Менсон во 12 нерешени убиства кои се случиле пред четириесетина години, бидејќи се појавиле нови докази.

„Култот на семејството Менсон“ е термин со кој американската полиција ја идентификуваше групата собрана околу Чарлс Менсон кој проповедаше скорешна војна меѓу расите и подоцна ги поттикна своите следбеници на најмалку девет убиства за да го предизвика тој судир.

Меѓу жртвите беше и Шерон Тејт, тогашна сопруга на славниот филмски режисер Роман Полански, која е убиена на 9-ти август 1969 година.

Портпаролот на полицијата во Лос Анџелес, Ендрју Смит, тогаш изјави дека полицијата проучува најмалку 12 стари случаи на убиства кои се извршени во слични околности и во ист временски период кога и убиствата коишто ги извршиле припадниците на култот.

Откритието за бројот нерешени случаи кои истражителите ги проучуваат дојде во средината на правната битка меѓу полицијата и адвокатите на следбеникот на Менсон, Чарлс Текс Вотсон, кој исто така отслужува доживотна затворска казна во Калифорнија.

Полицијата бараше по судски пат да ѝ биде доставена снимка од разговорот меѓу Вотсон и неговиот починат адвокат Бил Бојд, бидејќи се верува дека во текот на тој осумчасовен снимен разговор биле споменати имињата или датумите на убиствата на лица чиишто случаи сѐ уште не се решени.

Снимките беа откриени откако банкротираше адвокатската фирма „Boyd“ во сојузната држава Тексас. Тамошниот суд во првостепената одлука дозволи на полицијата да ѝ се достават снимките, но адвокатите на Вотсон вложија жалба, па чека на правосилност на одлуката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.