УМС и Есма организираа бесплатни превентивни прегледни за граѓаните на Центар

УМС и Есма организираа бесплатни превентивни прегледни за граѓаните на Центар
УМС и Есма организираа бесплатни превентивни прегледни за граѓаните на Центар
УМС од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ организираа бесплатни превентивни прегледи за граѓаните на Центар.

Од УМС велат дека се секогаш се грижат за целокупното здравје на гаѓаните на Општина Центар.

-Со реномирани доктори кои што долги години имаат работно искуство во областа на дерматологијата и други медицински специјалности. Граѓаните немаат можност преку работните денови да ги направат овие превентивни прегледи па истите се прифатени многу позитивно кај граѓаните и затоа ние го организираме, вели Коста Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

Во акцијата која се спроведува неколку години по ред се прегледуваат сомнителните дамки на кожата, се мери крвен притисок, како и шеќер во крвта.

ums5

-Како што можете и самите да видите заинтересираноста е се поголема и се повеќе се интересираат бидејќи секој граѓанин треба да ги направи овие проверки бидејќи истите се корисни за него, вели Јованоски.

-Ние во годишниот план имаме многу активности и една од овие беше ад хок организирана и луѓето веќе ни се благодарни што сме се сетиле со нашиот почесен претседател Есма Реџепова да го направивме тоа, вели Зорана Костовска претседател на хуманитарното здружение Кралицата Есма и Стево Теодосиевски.

ums2

Олга Давевска Тодоровска од Институтот за трансфузиона медицина  вели дека со Скринингот може многу лесно да се открие дали треба поголема медицинска дијагностика.-

ums

Јас сакам да бидам активна и да помогнам на луѓето и пресреќна сум што сме направиле едно партнерство, вели Есма.

-Јас живеам за народот и народот ме сака и сакам на некој начин да им вратам  и да направам добрина, па може некоја болест доколку ја има да се открие порано и да препорачаат докторите што да се прави понатаму, вели Есма.