УМС ја поздрави владината мерка за вработување на помлади од 29 години

Со оваа мерка се докажа дека младите може да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Нелоски поздравувајќи ја одлуката на Владата да ги ослободи од плаќање социјални придонеси работодавачите кои ќе вработат лица до 29 години.

„Со оваа мерка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат млади лица до 29 години, евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување, ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси во тек на првата година, а притоа ќе бидат обврзани да ги задржат на работните места најмалку уште една година. Ваквата мерка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поттик за работодавачите да вработуваат млади лица. На овој начин ќе се обезбедат нови работни места за младите невработени лица.Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се грижи за младите“, вели Нелоски.

Според Нелоски, давањето на можност за вработување на младите ќе биде придобивка не само за претпријатијата туку ќе значи и дополнителен импулс на развојот на македонската енономија.