УМС Куманово: Градот се гуши во загаден воздух, Дамјановски не мрднува со малиот прст

Вчеравечер беше постигнато највисоко ниво на загадување од речиси 1000 милиграми ПМ 10 честици на метри кубни, што е 10 пати повеќе од нормалниот квалитет на воздухот, велат од УМС ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

-Вчера Куманово се гушеше во загаден воздух, Куманово е рекордер по загадување и најзагаден град во Европа. 120.000 граѓани се трујат во загаден воздух, а градоначалникот Дамјановски не мрднува ниту со малиот прст. Дамјановски и СДСМ на загадувањето гледаат само како на тема од која може политички да манипулираат и да ја заведуваат јавноста, а ситуацијата станува алармантна. А голем дел на хронично болни и деца се под директна закана од загадениот воздух и неспособноста на Дамјановски да се справи со оваа ситуација. Куманово бара веднаш суштински мерки, наместо популизам и состаноци, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.