УМС на ВМРО – ДПМНЕ ги презентираше проектите пред младите во Битола

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Битола ги презентираше проектите, за кои како што велат, се одраз на потребите со кои се соочуваат младите.

Ние сме сведоци дека никој и никогаш не спровел толку проекти за младите за да им го олесни животот, како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ, а ние сме горди што можеме да дадеме директен придонес во тоа. Младите битолчани ќе ги запознаеме со проектите Купи куќа за млади, Бесплатен железнички превоз и субвенционирање за греење со пелети, изјави Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.