УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа кампањата за безбедност во сообраќајот

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кој кампањата за безбедност во сообраќајот и порача: Биди кул-вози безбедно!

-Преку практични примери и активности ќе се обидеме на младите да им објасниме колку се важни правилата при возењето како и почитувањето на самите правила. Исто така ќе се обидеме да ги предупредиме и да го привлечеме нивното внимание за опасностите при возењето во алкохолизирана состојба и при возењето и користењето на мобилниот телефон, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Тој додаде дека вакви активности ќе има низ сите поголеми градови во Македонија а воедно и ги повика и политичките подмладоци на останатите политички партии да се приклучат кон кампањата.

ums-soo

За таа цел низ центарот на Скопје се поставени штанодви со промтивен материјал за безбедност во сообраќајот.

Активноста на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа и ја поздрави и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

ums

-Ме радува фактот што нашата кампања како Влада на Република Македонија и Министерство за внатрешни работи допре токму до младите луѓе и денес практично имаме партнери со кои сме на иста страна и се бориме против сите оние прекршувања на сообраќајните правила и прописи кои понекогаш можат да чинат и живот. Денес можевме да видиме симулациски вежби кои се однесуваат на најчестите но и најопасните прекршоци кои ги правата младите луѓе и кои понекогаш резултираат и со трагични последици, истакна Јанкулоска.

Министерката подлвече дека ова не треба да биде цел само на една партија туку да биде цел на секој човек, односно да се почитува животот, да се почитуваат правилата, бидејќи не се работи само за нашиот живот туку и за животот и здравјето на сите останати учесници во сообраќајот.