УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Чаир со хуманитарна акција за малиот Стефан

Членовите на Унија на Млади Сили  на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир во саботата организирале хуманитарна акција за собирање средства за малиот Стефн Тимов, кој боледува од неправилен развој на раката.

stefan

Тие организирале забава во чест на малиот Стефан, на која присуствувале голем број граѓани од Општината, како млади, така и повозрасни. Благодарејќи на хуманите граѓани на забавата биле собрани 19.000 денари.

2

Со оваа акција и бројни други од ваков карактер УМС Чаир уште еднаш покажа дека е секогаш тука за граѓаните од овој дел на Скопје.

1