УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе: НЕ за федерализација и двојазичност

Членовите на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе денес од центарот на градот го искажаа својот револт за воведување двојазичност во сите општини во Македонија.

Едногласни се дека службен јазик во Република Македонија е македонскиот со кириличното писмо, согласно Уставот.

Младите во Свети Николе не сакаат тргување со националните и државни интереси. Доволно им е од црни сценарија, планови  за федерализација и двојазичност. Велат не сакаат да го видат својот град напишан на  јазик кој не е мајчин на 25% од населението.

ums-sveti-nikole1

Претседателот на УМС Свети Николе и ‘член на Извршниот Комитет на УМС Владимир Атанасов истакна дека младите очекуваат прогресивни мерки. Едногласни сме и велиме ДА за проекти кои го подобруваат квалитетот на нашиот живот, мерки кои овозможуваат просперитет,напредок, намалување на стапките на невработеност. Младите во Свети Николе нема да поддржат и ќе се борат против сите деструктивни и мрачни сценарија.