УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддржа трибина во Штип

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа оддржа трибина во Штип, каде во директни средби со младите, освен претставувањето на нови клучни прокти наменети за студентската популација и младите собираше и идеи. Трибината е под мотото „Македонија за младите, младите за Македонија” и се оддржа во присуство на голем број на млади од Штип.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддржа трибина во Штип
УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддржа трибина во Штип

Како што напомена претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски станува збор за принцип кој се следи пред секој изборен циклус со цел и младите да ги претстават своите идеи. Тој ги јхрабри штипјани да дадат идеи, бидјеќи според него, нема лоша идеја и таа треба да биде разгледана и постојат сериозни шанси истата да биде вкомпонираа во изборната програма. Нелоски воедно ги претстави новите прокти на ВМРО-ДПМНЕ кои беа објавени од страна на Претседателот на партијата, Никола Груевски:

Изградба на 150 нови игралишта за кошарка, овозможување стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под поволни услови за студенти од семејства со пониски приходи, сеопфатна реконструкција и адаптација на НУБ „Св.Климент Охридски”, изградба на нова голема мултифункционална читална и конструкција на 18 фитнес сали, истакна Нелоски.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддржа трибина во Штип
УМС на ВМРО-ДПМНЕ оддржа трибина во Штип

Според него, Штип треба да презеде активности да биде дел од овие нови проекти со цел дополнително стимулирање на младите. Свое обраќање имаше и координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип, Дејан Ивановски и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев кои потенцираа дека младите се столбот на партијата но и на градот без кои не може да се подготви новата изборна програма. На трибината учествуваа и пратениците во Собранието на Р.М, Никола Мицевски и Трајче Димков и претседателот на Советот , д-р Влатко Миташев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.