УМС на ВМРО-ДПМНЕ со пародија за Заев и „фантомските гласачи“

УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска на плоштадот Македонија со пародија ги исмеа актуелните политики на опозициската СДСМ и лидерот Зоран Заев и нивните барања за избирачкиот список и фантомските гласачи.

Јас сум фантом од Здружението на граѓани Фантом, а ова позади мене се фантоми исто така од Здружението на граѓани Фантом. Ние имаме огромна чест и задоволство денеска да потпишеме фантомен договор со господинот Зоран Заев за кој искрено сме уверени дека и тој е еден од нас фантомите, потајно во душата. Ние со овој фантомен  договор сакаме да најавиме дека како едно од најголемите здруженија на граѓани со над 500000 поддржувачи и членови, дека сме веродостојни да бидеме дел од власта и за таа цел наредниот период ќе свикаме основачко собрание, ќе формираме и ние партија, а нашето мото ќе биде „500000 фантоми“ и „Се уште нема паркинг место во Скопје“. Исто така објавуваме дека ќе настапиме на изборите во коалиција со СДСМ фантомска, на господинот фантом Заев. Според овој договор ние се изборивме фантомите да влезат и да бидат дел од Уставот, како дел од народот и исто така ќе имаме еднакви права со сите останати народи во Р. Македонија. Ние исто така се залагаме и за слободни паркинг места бидејќи покрај 500000 фантоми сепак на крај нема каде да се паркираме. Единствено повеќе права од нас ќе може да имаат Заев и Шеќеринска, но се согласуваме со тоа. На Основачкото собрание кое ќе се одвива во фантомската атмосфера ние ќе го избереме претседателот Фантом, а додека пак благајник ќе ни биде вам добро познатиот Вице Фантом. Но тој пред да стане еден од нас фантомите треба да положи ТОЕФЛ за да може лесно да се разбереме. Ние исто така го уверуваме господинот Заев дека еднаш ќе му бидеме верни нему, а еднаш на Вицето. Би сакале да ви најавиме дека идниот период започнуваме со нашите активности, а првата наша активност ќе биде модна ревија на која членовите Фантоми на нашата партија ќе бидат облечени во парчиња облека на Радмила Шеќеринска. Сметаме дека тоа ќе привлече големо внимание бидејќи никој во Македонија не видел толку скапа облека од блиску, вели граѓанинот фантом, еден од ликовите во пародијата кој потпишува договор со Заев.

Во продолжение погледнете ја целата пародија:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.