УМС на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон акцијата „Да ја исчистиме Европа“

УМС на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон акцијата „ Да ја исчистиме Европа“ по иницијатива на Европската комисија по повод неделата на помалку отпадоци во Европа.

По тој повод тие денеска организирано спроведоа еколошката акција со чистење на паркот во општина Чаир.

„Секоја година илјадници тони отпадоци се наоѓаат во океаните, шумите плажите и зелените површини и во Европа и во светот. Главна причина за тоа е недостаток на совесност на населението. Од таа причина денес акцијата „ Да ја исчистиме Европа“ се спроведува низ целиот континент, а УМС на ВМРО-ДПМНЕ учествува на 10 мај со своите активности,“ истакна Маре Ушковска, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа потенцираше дека оваа акција е со цел да се крене свеста меѓу населението и да ги охрабри постапките кои ќе придонесат за почиста Македонија за сите нас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.