УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во акцијата за чистење снег

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во чистењето на снегот во повеќе градови во Република Македонија, објави порталот Курир.

Активисти на УМС на ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните започна со акција за чистење на пристапните тротари до болниците, училиштата, градинките и црквите.

umssneg222

-Денска УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот комитет Кисела Вода, кај црквата св. Ѓорѓија,  заедно со нашите пријатели од Италија се приклучивме во акцијата за расчистување на снегот, за престојните православни празници да им се овозможи слободен пристап на сите граѓани. Ние денес и наредните денови ќе ја спроведуваме нашата опшествена одговорност и ова треба секој млад човек да го направи во населените места каде што живее, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

umsssssss3

Во денешната акција се вклучија и гостите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ „Студи Чентро“ од Италија, Фабрицио, кој го искажа своето задоволство од овој вид на акција, кој воедно и самиот се вклучи во акцијата заедно со членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквиот начин на акции кои се организираат е одличен, со што им се помага на граѓаните со чистење на пристапните тротоари, одлична е идејата и ми беше задоволство и јас самиот да се вклучам  во чистењето на снегот, изјави Фабрицио  Анзолини од „Студи Чентро“.

Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, се  со цел да се расчистат што повеќе тротари и пристапни места низ градовите на Република Македонија, а истовремено да им се помогне во расчистувањето на снегот на надлежните служби во општините.

фото: Курир