Македонија

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со голема хуманитарна акција за поплавените региони

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со голема хуманитарна акција за поплавените региони

Младите од ВМРО-ДПМНЕ организираа акција преку која ќе им помогнат на сограѓаните од поплавените региони.

-Од вчера започна акцијата од младите за поплавените, каде што на повеќе плоштади во Македонија ќе бидат поставени штандови, на кои сите млади луѓе ќе може да донираат хуманитарни средства за поплавените региони. Со оваа акција, како млади луѓе се обврзуваме да им помогнеме на нашите сограѓани од поплавените региони, истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

15000Sequence-03.00_04_23_2

За само еден ден се собрани 3 илјади литри вода. Акцијата ќе трае до недела и се очекува да се соберат околу 6 тони вода, кои што ќе бидат донирани во регионите каде има потреба.

-За сите млади луѓе кои не се во можност да ги посетат плоштадите и да донираат, ги повикувам да го прескокнат денешното кафе и тие средстав да ги донираат преку телефонските линии, додаде Нелоски.

Од УМС изразија благодарност до сите политички подмладоци кои до сега се приклучија на оваа акција и ги охрабрија сите останати да се приклучат.