УМС на ВМРО – ДПМНЕ собираше идеи од младите во Аеродром

Работен викенд за Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тимовите за собирање на идеи од претставници од УМС, во текот на викендот разговараа со младите од Аеродром и Неготино.

Трибината во скопската населба Аеродром се одржа пред повеќе од 250 млади, на која се обратија Лука Кржалоски, Марјан Спасески – директорот на Агенцијата за млади и спорт, Димче Арсовски, Симона Јандревска и Ками Спасова, каде што ги претставија реформите и проектите од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Република Македонија и младите, заслужуваат просперитетна иднина. Заслужуваат бесплатно и квалитетно образование, заслужуваат истото да го искористат и да изградат свои кариери во ново отворените работни места. Исто така заслужуваат и да добијат подадена рака и партнерство од државата за да засноваат свои сопствени бизниси во кои ќе напредуваат. Македонија одамна тргна кон патот на успехот. Ние мора да работиме сите заедно за иднината на нашата и идните генерации, рече Лука Кржалоски, претседателот на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите од Аеродром своите идеи ги изнесоа пред присутните и развија дискусија, која на крајот резултираше со единствен заклучок, дека тие самите знаат како си ја изградат својата иднина и затоа своите идеи ги даваат за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.