УМС се обврза да им помага на лицата со даунов синдром

Со Меморандум за соработка кој денеска беше потпишан, младите од ВМРО-ДПМНЕ се обврзаа да им излезат во пресрет на лицата со даундров синдром од здружението „Трисомиа 21“ секогаш кога им е потребно. Со ова УМС уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност.

Со оваа постапка УМС продолжува да потпишува Меморандуми за соработка со најразлични здруженија за лица со хендикеп, се со цел да им помогнеме и да ја оствариме нашата општествена одговорност. Инаку, досега како УМС имаме потпишано Меморандум за соработка со Сојузот на наглуви и глуви лица, Сојузот на лица со попреченост во видот и овој Меморандум со Здружението за лица со даунов синдром. Како УМС сме отворени и понатаму да потпишуваме вакви Меморандуми со кои ќе се обврземе да им помогнеме. Помошта ќе биде логистичка- кога и да им е потребно, кога и да се обратат тие до нас ќе се обврземе да организираме најразлични настани за да им помогнеме на овие лица и воедно најразлични активности каде што би собрале средства кои би можеле да се донираат потоа во ова здружение. На овој начин денеска сакаме воедно да го одбележиме Светскиот ден на лицата со хендикеп, истакна претседателот на УМС Владимир Нелоски.

Децата од здружението „Трисомиа 21“, со помош на младите од ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе подготват театарска претставава, која ќе ја изведат до крајот на месец декември .

Потпишувањето на Меморандумот беше само нешто официјално, бидејќи соработка имаше и досега. УМС секогаш беше тука кога ни требаше било каква помош, дали финансиска или логистичка. Нека земат пример сите од нив. Само вака може да се подигне јавната свест кај луѓето, што е една од нашите цели, потенцираше Сузана Стојановска, претседател на Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром.