Свет

УНЕСКО: 250 милиони деца во светот не можат да читаат и пишуваат

УНЕСКО: 250 милиони деца во светот не можат да читаат и пишуваат

Од вкупно 650 милиони најмалку 250 милиони деца на возраст до десет години не можат да читаат и пишуваат. Ова се наведува во извештајот на Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО), што беше претставен во седиштето на Обединетите Нации, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Се наведува дека 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не добиле дури и најосновните знаење. Останатите 120 милиони поминуваат недоволно време во училиште, при што 57 милиони од нив воопшто не посетуваат училишна настава, се истакнува во документот.