УНЕСКО: Во Сирија уништени над 250 културни објекти

Сателитските снимки покажуваат дека најмалку 290 објекти од светското културно наследство во Сирија се оштетени во текот на граѓанската војна, соопшти УНЕСКО.

Инстутот на ОН за обука и истражување во денешниот извештај наведува дека на објекти во Алепо, во Дамаск, древниот град Палмира, замокот на крстоносците „Крал де Шевалие“ им е нанесена голема штета.

Институтот анализирал 18 културни области користејќи сателитски снимки, при што е утврдено дека 24 објекти се разурнати, 104 се многу оштетени, 88 се помалку оштетебни и уште 77 кои се можеби оштетени.