Свет

Унгарија распореди војници на границата со Србија

Унгарија распореди војници на границата со Србија

Унарија распореди војници на јужната граница, а нивна главна задача е да учествуваат во изградба на оградата долж границата со Србија, изјави денес унгарскиот министер за одбрана Иштван Шимичко, пренесува Танјуг.

Тој во изјава за каналот ТВ2 ги потврди наводите дека на јужната граница на Унарија веќе се распоредени околу 3.800 војници и посочи оти секој ден се подигаат околу 10 километри од оградата.

Унгарија распореди војници
<strong>Унгарија распореди војници</strong>

Во склад со иницијативата насловена „Одлучна акција 2015-та“ која беше покрената во средата, задачата на унгарската војска е да ја обезбедува границата заедно со полицијата затоа што долж границата е потребна заштита со сите сили, а оградата не е доволна, заклучи унграрскиот министер за одбрана.

Како што беше соопштено вчера од кабинетот на унгарскиот премиер, таа земја би можела да ја заврши изградбата на оградата на почетокот на октомври. Тоа значи дека четири метри високата ограда, што е долга околу 175 километри ќе биде завршена пред најавениот краен рок, а тоа е 31-ви октомври.

Уапсени 3.226 мигранти што илегално ја преминале границата

Унгарската полиција уапси 3.226 мигранти што илегално ја преминале границата на југот на Унгарија во текот на претходниот ден, соопшти тамошната полиција.

Уапсени 3.226 мигранти што илегално ја преминале границата
Уапсени 3.226 мигранти што илегално ја преминале границата

Поголемиот број уапсени лица во обид да ја преминат границата кај граничниот премин Реска, биле Сиријци, Авганистанци и Пакистанци.

Низ Унгарија во текот на вчерашниот ден биле откриени 3.601 мигранти, а затворени се 19 лица осомничени за криумчарење луѓе, се наведува во соопштението од полицијата.