Свет

Унгарија донесе забрана за работа на големите супермаркети во недела

Унгарија донесе забрана за работа на големите супермаркети во недела

Парламентот на Унгарија усвои забрана за работа на големите супермаркети во земјата во неделата, и покрај протестите на трговците, соопштува BBC.

Во последно време, во Унгарија се одржуваат редовно протестни акции против воведувањето на забрана за трговија во викендите.

Статистиката покажува дека секој петти жител на земјата се придава на шопинг во неделниот ден. Според премиерот на Унгарија, Виктор Орбан слична забрана ќе помогне за тоа, жителите на земјата да ја користат неделата за да го поминат времето со своите семејства, наместо да се оддаваат на шопинг.

Претставници на трговските синџири изјавија дека воведувањето на вакво ограничување ќе доведе до тоа, 20 илјади луѓе да останат без работа.