Балкан

Унгарија гради ограда долж границата со Словенија

Унгарија гради ограда долж границата со Словенија
Унгарија гради ограда долж границата со Словенија

Унгарија започна со поставување безбедносна ограда долж границата со Словенија, откако заврши со поставување на оградата со Србија и Хрватска, со цел да се запре протокот на мигранти,објави МИА.

Унгарските власти засега не ги потврдуваат информациите, објавени од националната телевизија М1 и од државната информативна агенција МТИ.

Телевизијата М1 објави видео репортажа на која се гледа како три реда бодликава жица се поставени на границата со Словенија на неколку метри од автопатот М70, во близина на градот Лендава.

Бостан Шефич, словенечкиот државен секретар, одговорен за внатрешни работи, потврди денеска пред парламентот во Љубљана дека за првпат биле утврдени дејности долж границата со Унгарија.

Според Шефич, Словенија не била официјално информирана од Унгарија за активностите.

Денеска унгарската влада објави дека во брзо време ќе одлучи дали целосно ќе ја затвори границата со Хрватска за бегалци, како што тоа го направи со Србија на 15 септември.