Спорт

Унгарија и Црна Гора дирекно во полуфиналето на ЕП во ватерполо

Унгарија и Црна Гора дирекно во полуфиналето на ЕП во ватерполо

Репрезентациите на Унгарија и Црна Гора се пласираа дитектно во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо во Будимпешта. Унгарија со победата над Хрватска со 7:6 е единствената селекција со максимален учинок, додека без пораз покрај нив во групната фаза завршија уште Црна Гора и Италија.

Во утрешното четвртфинале силите ќе ги одмерат: Грција – Србија и Италија – Хрватска. Победниците од овие два дуела ќе играат во полуфиналето на турнирот.

Во последното 5. коло од фазата по групи беа постигнати следниве резултати: Црна Гора – Грузија 17:2, Русија – Романија 8:11, Грција – Италија 9:9 (А група), Франција – Германија 8:7, Србија – Шпанија 8:6 и Унгарија – Хрватска 7:6.
Табела А група: Црна Гора 13 бодови, Италија11, Грција 10, Романија 6, Русија 3, Грузија 0.
Табела Б група: Унгарија 15, Србија 10, Хрватска 8, Шпанија 7, Франција 3, Германија 0.