Унгарија ја отфрли одлуката на Европскиот суд за миграциските квоти

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ја оцени како „срамна и неодговорна” одлуката на Судот на ЕУ, што претходно ги отфрли жалбите на Унгарија и Словачка против квотите за распределба на мигрантите на нивната територија.

Сијарто изјави дека одлуката ја загрозува безбедноста и иднината на цела Европа.

Тој предупреди, дека Унгарија ќе продолжи да ги оспорува обидите на ЕУ да ги принудува своите земји-членки да примаат баратели за азил, како и дека е  време Унијата да се откаже од тој „неуспешен механизам”, јави БТА.

Унгарскиот министер додаде, дека Унгарија и понатаму ќе биде столбот на заштита на надворешните граници на ЕУ.