Унгарија ќе ги одбива барањата за азил на бегалците што не поднеле барање во Србија

Унгарија ќе ги одбива барањата за азил на бегалците што не поднеле барање во Србија
Унгарија ќе ги одбива барањата за азил на бегалците што не поднеле барање во Србија

Унгарија ќе одбие да прими баратели на азил кои влегуваат од Србија, а кои претходно не побарале азил во таа земја, изјави синоќа портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

Бидејќи такви се меѓународните правила, работите така и ќе функционираат, изјави Ковач на новинарско прашање дали Унгарија ќе одбива да прими такви бегалци.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска порача дека согласно новиот закон, што стапи на сила од полноќ, голем број барања за азил ќе бидат одбиени.

Ако некој се декларира како бегалец, бидејќи не поднел барање за азил во Србија, неговото барање ќе биде одбиено во Унгарија, бидејќи Србија е безбедна земја, изјави Орбан.

Во Унгарија на полноќ стапи во сила пакет амандмани со кои се заострува законот за заштита на границите и миграција, усвоен во парламентот на 4 септември. Новите мерки предвидуваат учество на војската во контрола на границата, кривично гонење на сите што илегално минуваат преку границата, како и забрзан процес за разгледување на барањата за азил. Според новите мерки илегално преминување на границата е кривично дело, што носи максимална казна до три години затвор.