Унгарија со референдум ќе го решава приемот на бегалци

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан соопшти дека неговата Влада одлучила да распише референдум за задолжителните квоти за прием на имигранти кои ЕУ ги одреди на државите членки.

Како што пренесува Танјуг, Орбен навел дека квотите за имигранти би ја промениле етничката, културната и верската мапа на Унгарија и Европа.

– Владата со ова одговара на расположението на јавноста, ние сметаме дека воведувањето на квотите за преместување на имигрантите без поддршка на народот е еднакво на злоупотреба, изјави Орбан на прес-конференцијата.

Владата на Орбан цело време ги одбива миграциските квоти, а унгарскиот премиер се уште не се изјаснил кога овој референдум ќе биде одржан.

Унгарската агенција МТИ објави дека прашањето за референдумот ќе гласи: Дали сакате да и дозволите на ЕУ да го одредува преместувањето на не-унгарските граѓани во Унгарија без дозволна од Националното собрание?.