Унгарија: 267 мигранти во пограничниот појас со Србија

Унгарската полиција соопшти утрово дека претходниот ден процесуирала 267 илегални имигранти затечени во пограничниот појас со Србија.

ФОТО: Танјуг
ФОТО: Танјуг

Поради илегалниот премин на границата вчера се уапсени вкупно 497 лица, што е зголемување во однос на претходните два дена, кога поради затварањето на границата со Србија биле уапсени многу помалку лица, се наведува во соопштението, пишува Танјуг.

Зголемен бројот на илегални мигранти во Хрватска

Откако бегалците ја променија рутата од Србија кон Хрватска, зголемен е бројот на илегални премини во пограничната општина Барања, кај Хрватска.

За време на вчерашниот ден биле регистрирани вкупно 453 илегални премини на границата и тоа најмногу на територијата на Полициската капетанија Мохач, меѓу кои имало најмногу бегалци од Сирија и Авганистан.

Воо соопштението на оваа капетанија се наведува дека бегалците соработувале со полицијата, не пружале отпор, така што не биле употребени никакви средства за принуда.

 

Инаку поради големиот прилив на мигранти Хрватска ги затвори границите, повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.