Унгарија најави можна блокада на Хрватска за влез во Шенген зоната

Унгарија ќе го блокада влезот на Хрватска во Шенген ако не ги брани границите
Унгарија ќе го блокада влезот на Хрватска во Шенген ако не ги брани границите

Унгарија би можела да го блокира пристапот на Хрватска во Шенген зоната доколку не успее во одбрана на надворешните граници на Европската унија, предупреди денеска советникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган, пишува МИА.

Доколку Хрватска ги крене рамениците и рече не, не сакаме да ги браниме границите, тогаш Унгарија може само да каже дека не е подготвена за пристап во Шенген зоната, кога ќе дојде време за одлучување, изјави Роган за провладиното Радио Инфо.

Услов за влез во Шенген зоната е земјата да се обврзе дека ќе ги брани надворешните граници на Европа. Ако тоа очигледно не успева, тогаш не е подготвена за влез во Шенген зоната, изјави шефот на политичкиот комитет на Орбан.

Хрватскиот премиер денеска изјави дека Хрватска ја принудила Унгарија да прифати илјада мигранти и дека ќе продолжи да го прави тоа.

 

Прочитајте повеќе:

Драма на словенско-хрватската граница: Семејства раздвоени, децата плачат!

Бегалска криза: Хрватска преминува на план Б

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.