Унгарија: Поради дефект итно изгаснат реактор на нуклеарна централа

Унгарија итно го изгаснала реакторот на нуклеарна централа Пакс поради дефект во контролната опрема, јавува Раша Тудеј.

Нуклеарната централа се наоѓа на само 5 километри од градот Пакс во Централна Унгарија и е единствена ваква електрана во земјата.

Како што соопшти унгарската национална канцеларија за нуклеарна енергија, дефектот не претставува сигурносна закана, а не се активирани ниту сигурносните состави. Откако ќе го детектираат и ќе го отстранат дефектот реакторот ќе продолжи да работи.

Портпаролот на Централата Ентони Смит, вели дека се очекува дека реакторот повторно ќе проработи во петок попладне.

Инаку четирите реактори на оваа електрана поризведуваат над 50 отсто од електричната енергија во Унгарија.