Унгарија против европски министер за финансии, не брза со еврото

Унгарија се противи на плановите за подлабока интеграција на еврозоната и нема да избрзува со пристапувањето на еврозоната пред да биде подготвена, порачува високиот советник на премиерот Виктор Орбан.

Поделбата на Европската унија на центар и периферија, односно на земјите кои се во еврозоната и оние надвор од неа беше против интересите на ЕУ, констатирал во четвртокот Саболч Такач во телефонскиот разговор за Reuters државниот секретар за ЕУ во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Притоа во текстот на Reuters се забележува дека групата поранешни комунистички земји, Словачка, Словенија, Естонија, Латвија и Литванија веќе го усвоија еврото во замена за нивните национални валути, додека другите такви земји, како Полска, Унагарија, Чешка, Романија, Бугарија и Хрватска се’ уште ги користат сопствените валути.

Се наведува, исто така, дека иницијтивата за потесна интеграција на Европската унија изминатите седмици одново ја поттикна живата дискусија за пристапот на источноевропските земји членки на економската унија во зоната на единствената валута.

„Би требало да се избегне перцепцијата дека добри земји се оние коишто се во еврозоната, каква и да е цената што ја платиле за тоа членство… додека оние коишто се надвор од еврозоната се лошите членки“, го појаснува ставот на официјална Будимпешта споменатиот унгарски функционер.

Унгарија нема да ја поддржа идејата за буџет и министер за финансии на еврозоната, којашто во септември ја изнесе францускиот претседател Емануел Макрон, порачува Такач. Истакнува дека еврозоната би требало да се придржува на транспарентните прописи и нејзините членки би требало целосно да ги почитуваат нејзините прописи. Притоа нагласува дека силното евро е во интерес на Унгарија.

Откако премиерот Виктор Орбан дојде на власт во 2010 година, Унгарија води самостојна и самоволна економска политика. Нејзиниот буџетски дефицит е понизок од максимално дозволените 3 отсто за членките на ЕУ, а оваа година унгарската економија би требало да порасне за 4 проценти.

Економите во источните земји членки на Евопската унија во просек растат побрзо отколку економиите на земјите кои се членки и на еврозоната, забележува притоа Reuters.

Такач вело дека на овие земји, коишто во моментов бележат раст на економските активности, би требало да им се дозволи неколку години да се развиваат пред да го усвојат еврото.

„На еврозоната би требало да ѝ пристапуваат дури кога ќе дојдат резултатите кои овозможуваат доволно гаранции дека може да се апсорбира потенцијален поголем шок. Не знам колку години тоа ќе трае, ќе зависи и од развојот на ситуацијата во еврозоната“, заклучува Такач. Протоа не сакал да каже кога Унгарија би можела да ѝ пристапи на еврозоната.