Унгарија: Откриени двајца терористи што се претставувале како бегалци

Во Унгарија се откриени двајца терористи што се претставувале како бегалци, јавува Раша тудеј, повикувајќи се на унгарската телевизија М1.

Европските политичари изразија загриженост дека џихадистите на Исламска држава – ИД би можеле да се инфилтрираат во ЕУ под превезот на бегалци. Унраските медиуми предупредуваат дека најмалку двајца милитанти на ИД биле откриени кои барале влез во ЕУ како бегалци.

Идентификацијата на екстремистите била овозможена откако двајцата биле откриени откако самите го откриле сопствениот идентитет со објавување фотографии на социјалните мрежи.

-Исламските терористи, преправени како бегалци се појавија во Европа. Фотографиите биле објавени на повеќе социјални мрежи со цел да се покаже дека терористите во моментов се присутни во повеќето европски градови. Голем број од нив, кои во моментов се илегални имигранти, во минатото се бореле заедно со Исламска Држава, се вели во извештајот на унгарската телевизија.

Откриени терористи што се претставувале како бегалци
Откриени терористи што се претставувале како бегалци

Унгарските телевизии објавија фотографии од Фејсбук страниците на наводните терористи. На првата фотофрафија се гледаат две лица со оружје на Средниот Исток, а на втората се гледаат истите две лица кои се смејат при пристигнувањето во Европа.

Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија
Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија

Сеуште не е јасно каде се двете лица кои биле откриени – некои сметаат дека стасале дури до Германија, а други дека се уапсени. Засега не се објавуваат нивните имиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.