Унгарија: Во камион-ладилник пронајдени 24 мигранти

Царинските и даночните органи на Унгарија во вчерашната акција на автопатот М1 кај Ѓер, во близина на границата со Австрија сопреле возило, со кое управувал возач со српско и со унгарско државјанство, пишува Б92, повикувајќи се на официјално соопштение од унгарската полиција.

Во ладилникот на камионот, биле откриени девет илегални мигранти од Ирак и 15 мигранти од Сирија, меѓу кои и две жени и едно дете, а против нив е покрената постапка поради илегално преминување на границата.

Превозот бил организиран од страна на двајца криумчари на мигранти. Според полицијата, мигрантите чекале во шумата кај српско-унгарската граница, а возачот ги преземал и требало да ги однесе во Австрија.

Унгарската полиција покрена постапка и против 36-годишниот српски државјанин, а мирантите се предадени во надлежност на миграционите служби.