Унгарија почна да гради ѕид на границата со Србија

Унгарската армиja почна дeнес со изградба на ѕид како од ограда долж својата гранична линија со Србија, за да ги сопре бегалците, кои доаѓаат најмногу од Сирија.

Пред околу еден месец унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто изјави дека неговата земја ќе подигне ограда висока четири метри на границата со Србија, за да го сопре протокот на нелегални мигранти.

Според информации на унгарската новинска агенција МТИ, градежните работи отпочнале утринава, во близина на малиот град Морахалом, каде теренот почнал де се подготвува за градежни активности со булдожери. Ѕидот ќе се гради во осум од десет реони, за кои е проценето дека се најизложени на нелегален проток на мигранти.

Околу 80.000 мигранти и бегалци влегле во Унгарија во текот на годинава. Речиси 80 отсто од нив се од Сирија, Ирак и од Авганистан, земји во кои беснеат војни. Повеќето бараат првично засолниште, но кратко потоа заминуваат за други, побогати земји од Европската унија како Германија и Шведска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.