Унгарките кога ќе родат можат шест години да не одат на работа

Граѓаните на Унгарија, покрај плата сега добиваат и купони кои можат да ги употребат во домашните угостителски објекти и во хотелите, објави ХРТ.

Ова мерка им овозможува на домашните угостители да го зголемат својот профит и да ги поттикнат граѓаните да ги посетат овие објекти, наместо тие на странските компании.

Таканаречените Ержибет купони придонеле да го зголемат домашниот туризам за 11 отсто.

Европската момисија ги примила тужбите на странските компании кои сметаат дека овој систем неправедно им го одзема профитот и целта е да се намали конкуренцијата.

За да се поттикне раст на наталитетот, Унгарците овозможиле на трудниците, по породувањето да можат дури шест години да отсуствуваат од работа. Првите шест месеци по породувањето, мајките добиваат 70 отсто од платата, помеѓу шест месеци и две години, се исплаќа 50 отсто, додека после тој период до четири години, на жената и се исплаќаат симболични 100 евра.

Унгарија воведе уште една новина, а тоа е програма за вработување на бездомниците, кои сега работат како дел од јавните градски комунални претпријатија и за тоа добиват минимална плата.

Наместо на невработените да им дава социјална помош, владата на Виктор Орбан се одлучила за програма која би обезбедила работа заовој дел од популацијата. Во моментот, невработеноста во Унгарија е 7 проценти.