ФОТО: Кој е човекот што заврши под нозете на унгарската снимателка?

Медиумите низ светот ја пренесуваат приказната на човекот што заврши под нозете на унгарската снимателка Петра Ласло. Бегајќи од војната во родната Сирија, од силите на Асад, но и од џихадистите на Исламска држава, човекот заедно со неговото дете заврши под нозете на унгарската снимателка, која денес во писмо изјави дека „во неа нешто пукнало“.

Петра Ласло ги клоцаше и ги сопна мигрантите
Петра Ласло ги клоцаше и ги сопна мигрантите

Во Унгарија пред два дена се случи инцидент кога камерманката на телевизијата Н1ТВ Петра Ласло ги клоцаше и ги сопна мигрантите што се обидуваа да побегнат од полицијата во прифатниот центар Реска.

Меѓу нив имаше и деца, а снимката што остави најсилен впечаток е онаа на која беше прикажан човек кој трчи заедно со детет во прегратките и паѓа заедно со него во моментот кога таа му ја подметна ногата.

Според една сириска Фејсбук страница човекот од снимката учествувал во опозициските демонстрации против Башар ал Асад и неговиот режим. Наводно тамошните власти го измачувале и го затворале, а потоа бил пуштен на слобода по неколку месеци.

Исто така на оваа страница се наведува дека тој подоцна бил приморан да побегне од милитантите на Исламска држава, за да избегне смрт.

Ако, судејќи пофотографијата и информациите што се наведени на социјалните мрежи, ова е вистина, тогаш навистина е неверојатно низ што се поминал овој човек за на крај да се најде под нозете на унгарската снимателка.

Инаку, Петра Ласло набрзо по овој инцидент доби отказ, а јавноста сурово ја критикуваше и ја осуди за она што таа го стори.