Унгарската полиција уапси 880 косовски мигранти

Унгарската полиција вчера уапсила 937 мигранти кои илегално ја поминале српско-унгарската граница, од кои 880 се косовски Албанци.

Останатите уапсени се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и Нигерија.

Косовските Албанци поднеле барања за азил. Во изминатите три дена унгарската полиција во илегално преминување на границата привела повеќе од 2.000 имигранти меѓу кои најмногу биле жители на Косово.

Според медиумите, унгарските органи ги зајакнале контролите и во внатрешноста на државата и во измиатите три дена околу 250 косовски Албанци биле „симнати“ од брзи возови во Будимпешта.