Унгарската снимателка: „Нешто пукна во мене…“

Унгарската снимателка која удираше бегалци на унгарско-српската граница, се извини, велејќи дека нешто во неа „пукнало“ и дека не може да поверува дека такво нешто направила.

Во писмо, Петра Ласло, вели дека била во состојба на шок по инцидентот во вторникот, но ги негира обвинувањата за расизам.

Камерата сними стотина мигранти како го пробиваат полицискииот кордон. Еден од нив трчаше кон мене и се исплашив. Тогаш нешто пукна во мене… мислев дека ќе бидам нападната и морав да се заштитам. Тешко е да се донесе добра одлука во момент кога луѓето се во паника, кажала таа.

Ласло излајвила дека е подготвена да преземе одговорност за своите постапки

Јас не сум бесчувствителна, расистка, снимателка која удира деца. Не заслужувам политички прогон, омраза или смртни закани. Јас сум само невработена мајка на малолетни деца, која донела лоша одлука. Навистина ми е жал за тоа, вели таа.

Кривична пријава

Унгарското обвинителство вчера покрена кривична истрага против унгарската снимтелка, поради нарушување на редот. За вакво обвинување, во Унгарија е можна казна затвор до пет години.

Обвинителството добило пријава дека жена вработена за телевизијата „N1“ кај маестото Реске, физички нападнала неколку мигранти, меѓу кои имало и деца.

Инаку, унгарската телевизија „N1“ е тесно поврзана со партијата Јобик, која е крајно десничарска и води силна антимиграциона политика.