Унгарската снимателка најави тужба за мигрантот што го сопна и за „Фејсбук“

Ласло најави тужба и за Осама Абдула Мосен, кој беше сопнат од неа додека бегаше со своето дете во раце. Според неа, тој го променил својот исказ, што резултирало со омраза кон неа.

Ласло најави тужба и за Осама Абдула Мосен
Ласло најави тужба и за Осама Абдула Мосен

Тој го промени исказот откако најпрво ја обвини полицијата. Мојот сопруг сака да ја докаже мојата невиност, вели таа.

Бидејќи се чувствувала загрозена, таа за рускиот весник вели дека можно е со семејството да се пресели во Русија.

Од друга страна, Мосен, фудбалски тренер по професија, по инцидентот доби покана од шпанска фудбалска школа за тренери, со своето семејство да се пресели близу преградие во Гетафе. Тој во Шпанија живее со своите три деца и сопругата. Од Шпанија добија стан, храна, облека и работа.