УНХЦР: Сеуште нема криза со мигрантите во Србија

Сеуште нема криза со мигрантите во Србија, но треба да се спречи да дојде до тоа. Тешко е да се предвиди како ќе се одвива ситуацијата со мигрантите на балканот и во Србија, но проблемот со се поголемиот број бегалци што од Блискиот Исток пристигнуваат во Србија не треба да се нарече криза, смета шефот на мисијата на УНХЦР во Србија, Ханс Шодер, пренесува „Танјуг“.

Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули.
Според податоците на Фронтекс 107.500 имигранти се пресретнати на границите на ЕУ во јули.

Шодер истакнува дека поголемиот дел од помошта што им била дадена на бегалците е обезбедена од УНХЦР и истакнал дека српската влада мошне брзо реагирала за да се обезбеди прифаќање на лицата. Тој вели дека е тешко да се предвиди како ќе се развива ситуацијата со мигрантите на Балканот и во Србија.

Во овој момент ова сеуште не би требало да се нарекува криза. Тешко е да се предвиди, затоа што настаните овде во голема мера зависта од настаните во Ирак и Сирија, во Турција, Грција, Македонија, Србија и понатаму во Унгарија и земјите од ЕУ, каде поголемиот дел од бегалците има намера да се упати и да им се придружат на пријателите и семејзтвата. Значи, мошне е тешко да се предвидат работите. Во последните неколку месеци видовме благ пораст. Се надеваме дека бројките ќе се стабилизираат и ќе се намалат, но тоа е тешко да се предвиди, нагласи Шодер.

УНХЦР: Сеуште нема криза со мигрантите во Србија
УНХЦР: Сеуште нема криза со мигрантите во Србија

На прашањето кога состојбата со мигрантите и бегалците би можела да се нарече криза, Шодер одговори дека тоа би се случило во мигот кога ќе се појават сериозни закани по безбедноста и здравјето на бегалците.

Она што треба да се направи е да се спречи да дојде до криза. Сега говорам за ситуацијата во Србија, не во другите земји. Но, во Србија не би требало да говориме за криза, треба да спречиме да дојде до тоа. Посебно кога ќе дојде зимата и бегалците нема да можат да престојуваат на отворено, предупредува Шодер.