УНХЦР: Во близина на Либија се удавија 220 луѓе

Во последните неколку дена во близина на брегот на Либија се удавија 220 луѓе, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) повикувајќи се на сведочењата на преживеаните лица.

УНХЦР наведува дека само пет луѓе преживеале кога брод со околу 100 лица потона во вторникот, додека истиот ден се удавиле 70 луѓе од 130, кои се превезувале со гумен чамец.

Во средата над 50 луѓе исчезнале во морето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.