УНИЦЕФ: Двојно зголемен бројот на деца кои бараат азил во Европа

УНИЦЕФ: Двојно зголемен бројот на деца кои бараат азил во Европа
УНИЦЕФ: Двојно зголемен бројот на деца кои бараат азил во Европа

Бројот на деца кандидати за азил во Европа е зголемен речиси двојно од 2014 година, што е знак дека се повеќе деца бегаат од зони на конфликти, соопшти синоќа УНИЦЕФ.

Околу 190.000 деца побарале азил во Европа меѓу јануари и септември. Во истиот период лани, бројот бил 98.000.

Вкупниот број на луѓе кои побарале азил во Европа во тој период во 2015 година е 715.000, додека во 2014 година таа цифра била 378.000.

Во првите десет месеци од годинава само во Италија и Малта пристигнале 10.000 деца без придружник или се разделени од семејствата.

azil1

Најголем дел од тие 190 илјади деца побегнале од Сирија или нејзини соседни држави кои примаат сириски бегалци, каде детскиот труд и детските бракови се зголемени од почетокот на војната.