Свет

УНИЦЕФ: Од земјотресот во Непал погодени се 1,7 милиони деца

УНИЦЕФ: Од земјотресот во Непал погодени се 1,7 милиони деца

Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека расте број на деца погодени од земјотресот во Непал. Се претпоставува дека 1,7 милиони деца имаат потреба од итна хуманитарна помош.

УНИЦЕФ истакнува дека се потребни над 50 милиони долари за помош на децата и нивните семејства кои се погодени од земјотресот во Непал. Организацијата предупредува и дека расте ризикот од ширење на заразнии болести.

Се очекува УНИЦЕФ и другите организации на ОН да бидат присутни во Непал следните три месеци.

Според последните податоци во земјотресот со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала загинале околу 5.000 луѓе, а 10.000 се повредени.