Унија на млади сили: ВМРО-ДПМНЕ никој нема да го скрши, продолжуваме до нови победи

Еден од постарите борци за човекови права од XIX век ги кажал најмудрите зборови кои можеби се најдобрата дефиниција за двајца политичари од нашата држава, Џејмс Фримен Кларк уште во XIX век рекол „Политичарот мисли за следните избори, додека, пак, државникот мисли за следните генерации“, истакна на 26-та годишна конференција Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе знаете кој е политичарот во Македонија, а кој е државникот. Да го поздравиме најголемиот државник во модерната историја на Република Македонија, кој и по цена на личниот кредибилитет, интегритет и живот затстана во одбрана на државата и идните генерации. Ние сме горди што тој е наш претседател на ВМРО-ДПМНЕ! Претседателе се гордееме со вас, вие ја имате нашата поддршка од Унијата на млади сили, веруваме во вашата мудрост и истрајност како и сите граѓани. Вие ќе ја добиете оваа битка. Вашиот образ е чист и тоа сите го знаат! Додека, пак, другиот кој е политичарот нормално, кој сѐ уште не знаеме со колку пари го купија, ама знаејќи ги тендерите на неговата фамилија, сигурно се работи за огромна сума, е Зоран Заев, оној огорчен, збунет човек, кој веќе не знае кому што му ветувал и од која страна му стигаат огромните фактури за тие што го донеле на власт. Тоа е оној човек кој сака да го уништи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е оној човек од кој ќе се срамат идните генерации на Република Македонија. Ајде сите заедно да му порачаме: ВМРО-ДПМНЕ никој нема да го скрши“, додаде Нелоски во неделата вечерта во Охрид поздравувајќи го присуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Нелоски потенцираше дека иминативе три-четири имало тешки предизвици.

Особено сум горд и најдлабоко од моето срце сакам од оваа бина да ви признаам вам, заедно со сите членови на Извршниот комитет, дека ја заслужувате, ја имате и ќе ја имате нашата почит, респектабилност и наклонетост. Сите вие потрошивте драгоцени три-четири години од вашиот живот заедно со нас, можеби најубавите години од вашиот живот, да им застанете на патот на предизвиците кои ни се испречија. Верувајте! Верувајте ми дека таа жртва не била залудна. Вие можеби сега не сте свесни што се сте направиле изминативе години за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија, но верувајте дека за десетина години од сега ќе бидете горди на себе. Ќе се чувствувате гордо затоа што сте се бореле против тиранијата на оваа селотејп-коалиција којашто е на власт во моментов и која во секој момент се обидува да ни ја распарчи државата. Сетете се дека и Гемиџиите можеби ја дадоа најсуровата своја жртва за татковината, но и многу други дејци на ВМРО од минатото, и сите ние заедно денеска сме горди на нив. Секоја генерација има своја борба, и таа борба и дело е за почит“, додаде лидерот на младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Нелоски потенцираше дека претстои период со многу предизвици во секој сегмент.

Ви порачувам дека нема да останеме неми на ниту една ситуација којашто ќе ни ја дефинира нашата иднина. Ве повикувам да не трпите ниту една неправда која ќе се обидат да ни ја нанесат како горди граѓани на Република Македонија,пред сѐ, но и како горди членови на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата мисла е чиста и јасна. Ние сме Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и имаме свои принципи. Во ниту еден момент не треба да се поколебате да направите нешто корисно за вашата држава. Да, ние сме семејство на модерни луѓе кои се реализираат во најразлични сегменти. Ние сме отворени за буквално секој еден млад човек кој сака да се реализира, да напредува и да дејствува за својата држава. Ние никого не дискриминираме. Секој кој е подготвен да ја води нашата битка за иднината на Македонија и да направи нешто корисно за секој еден млад човек и идните генерации е добредојден. Ова се модерни времиња, секој има свој начин на делување, а ние сме модерна младинска организација која брои над 55.000 членови. Секој ако кохезивно со една мисла и идеја делува заедно со нас на свој личен начин може уште веднаш да ни се приклучи и уште веднаш може заедно со нас да продолжи. Нашите врати се отворени“, рече Нелоски.

Потсети дека Унијата на млади сили е формирана 1991 година.

Историјата памети како секоја генерација и секое раководство се справувала со предизвиците. Јас искрено жалам што ние сме генерација која директно ќе осети на своја кожа што значи распродавање на државни интереси и уништување на генерации млади луѓе, но тоа ни е нам предизвикот. Многумина од нас биле премногу мали, а многумина и од вас не биле родени кога владите на СДС ја пустошеле државата. Почитувани браќа и сестри, сега ние и вие сме тие што треба да бидеме ударната тупаница која ќе ја штити нашата држава, но најважно нашата иднина. И бидете сигурни, УМС е силно и ќе биде уште многу и ќе направиме уште толку повеќе за младите! Свесни сме дека ќе наидеме на деструкција и одбивност, но нема да се откажеме. Тоа е наша обврска и искрена желба која што ја носиме со себе и одговорноста која ни е дадена. Морам да им порачам. Ако немаат идеја како да им помогнат на младите во нашата држава и како да реализираат проекти, не мора ништо да се мачат. Само нека продолжат да го работат она што ние го оставивме. Ние не сме себични, бидејќи нам ни е важна нашата, но и иднината на следните генерации“, порача Нелоски од Охрид.
Ние ќе бидеме тие што ќе се гордееме, а тие ќе бидат оние што ќе се срамат. Ние ќе бидеме тие што ќе имаме образ пред идните генерации за коишто работиме, а тие ќе немаат. Да не се лажеме, тие секогаш имаат образ, ама кажано народски образ ѓон. И не заборавајте. Нам не ни треба ничија помош да се избориме за тоа што е правилно за нашата иднина. Ние самите ќе се избориме и ќе ја вратиме нашата иднина и иднината на следните генерации на вистинскиот пат. Пат од кој оние застранија за само еден месец. Продолжуваме да движиме напред, до нови победи, преку нови предизвици, до конечно враќање на вистинскиот пат на нашата држава. Тоа го може само ВМРО-ДПМНЕ и тоа младите можат да го реализираат само преку Унијата на млади сили“, заклучи Нелоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.